Продолжува дождливото време

Продолжува периодот на променливо облачно време со чести врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Локално се очекува да наврнат поголеми количини на воден талог, а не е исклучена и изолирана појава на град. 

Во Охрид ќе преовладува исто така обачно време со врнежи од дожд и со услови за грмежи. Максималната температура ќе достигне до 19-тиот степен.