Трајкоски: Ги повикувам жителите на општина Дебарца да излезат да гласаат во фер и демократска атмосфера

Градоначалникот на оштина Дебарца, Игор Трајкоски денес испрати соопштение во кое стои :

„Почитувани, Општина Дебарца преставува место кое во историјата е значајно по слогата и мирољубието. Затоа вас жителите на општина Дебарца во Недела на 27.04.2014г. Ве повикувам во фер и демократска атмосфера да излезете на претстојните Претседателски и предвремени Парламентарни избори да го дадете својот глас за опцијата која победува.“– се вели во соопштението на градоначалникот Трајкоски.