Управните служби на МВР ќе работат и викендот

Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот, односно во сабота (26.04) низ цела република ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 08,30 часот до 16,30 часот.

Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27.04), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите Управни служби од 07.00 часот до 19.00 часот, но само за издавање документи.