Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ, денес на прес-конференција на охридските медиуми од името на Центарот за комуникации при ОК на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари за досегашната соработка, пред се во овие 40 денови додека траеше изборната кампања за Претседател, меѓутоа и за парламентарните избори.
„Од 2012 година кога се формира овој тим на Центарот за комуникации до денес е изградена една меѓусебна доверба, една комуникација меѓу новинар и она што значи Центар за комуникации и затоа искрено ви благодариме. Од 2012 година, ако се направи ретроспектива од кога е овој тим, ќе видиме дека всушност сме сведоци на големи историски победи на ВМРО-ДПМНЕ, односно 2013 година на локалните избори во кои Центарот за комуникации имаше свој дел во тој мозаик на големата победа на господинот Никола Бакрачески како денешен актуелен градоначалник и еве денес сведоци сме дека истиот тој тим е дел од историската победа на претседателските и на парламентарните избори. Меѓутоа тимот кој победува не се менува, така господинот Дејан Пановски секогаш беше присутен и уште ќе е присутен, меѓутоа тимот го надградивме со господинот Ѓоко Алоски и се надевам дека понатаму ќе имаме уште повеќе соработници за Центарот за комуникации.“ – истакна Митровиќ, и додаде:
„Дозволете, во оваа прилика, искрено, да упатам една желба, еден апел за побрзо оздравување на еден човек кој доста ни значи во Центарот за комуникации, а тоа е господинот Васко Ложанкоски, кој се надеваме дека за брзо време ќе го видиме повторно во нашите редови, повторно со неговата ведрина, со неговиот професионализам, ќе успееме уште повеќе да го дигнеме нивото на Центарот за комуникации“. – рече Митровиќ.
Митровиќ укажа дека до сега Центарот за комуникации не водел деструктивна политика, туку секогаш водел позитивна политика и тоа ќе остане како нивни симбол. Тој се заблагодари до сите членови на ОИШ, до членот на Извршен комитет од Охрид, Никола Бакрачески, до сите соработници од Центарот за комуникации, како и пратениците во Собранието на Р.Македонија од Охрид.
WebOhrid