Денес во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Дебарца, се одржа 15-та седница. На дневен ред беа ставени 38 точки меѓу кои и точките:
– Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебарца за периодот од 01.01.2014 до 31.03.2014 година.
– Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Дебарца за 2014 година.
– Програма за дополнување на Годишната програма за развој на културата во општината Дебарца за 2014година.