Едно дете гледа еден полицаец и му вели:
– Чичко, може да докажам дека вие полицајците сте најглупави луѓе.
– Бегај мали, да не те приведам!
– Ама навистина можам да докажам.
– Ајде докажи!
– Колку кифли изеде сабајле на празен стомак?
– Па околу 3 – 4.
– Ете гледаш дека си глуп. Си изел една на празен стомак, а другите дошле по првата.
Се замислил полицаецот и отишол кај шефот.
– Шефе, ние полицајците сме најглупи луѓе на светот.
– Пази што зборуваш!
– Шефе колку кифли изеде сабајле на празен стомак?
– Па, 5 – 6.
– Е да ми речеше 3 – 4 сега ќе те зафркнев.