Реализирана обука за македонски и косовски полицајци за работа во ЗКЦ

Во организација на ОБСЕ и Секторот за гранични работи и миграции Север, на граничниот премин со Република Косово – “Хани Елезит“, како и во заедничкиот контакт центар со Р.Бугарија на Граничниот премин “Деве Баир“ беше одржана дводневна обука на полициски службеници за работа во заеднички контакт центар.

На обуката присуствуваа десет полициски службеници од РМ и четири полициски службеници од Р.Косово. Притоа, едукацијата беше посветена на теми во врска со Конвенција за спроведување на Шенген Договор од 19 јуни 1990 година, потоа Конвенција за полициска соработка во Југоисточна Европа; Протокол меѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Косово за Основање и функционирање  на  зеднички контакт центар за полициска соработка; околу законите за странци и за класифицирани информации.

Исто така дел од темите коишто беа презентирани од страна на инструктори од МВР и инструктори од Косовската полиција беа посветени и на карактеристиките и практичната работа со системите за проверка и за криптозаштита, како и по однос на примената на правната регулатива при изготвувањето, чувањето и дистрибуцијата на класифицираните информации.