Српските пратеници нема да имаат одмор, летото ќе им биде работно

Генералната сектретарка на Собранието на Србија, Јана Љубичиќ изјави дека пратениците ги очекува работа во текот на целотот лето, бидејќи ќе има многу закони кои парламентот треба да ги усвои.

„Нема да не изненади ако работиме без летен одмор, бидејќи од Владата најавуваат дека има многу работа,“ изјави Љубичиќ пред српските новинари.

Таа изјави дека вчера се сретнала со генералниот секретар на Владата, Новак Недиќ и разговарале за законите кои треба да влезат во собраниска процедура, а детален план за работа за во текот на летото ќе биде прецизиран наредната недела.

Извор: Нет Прес