Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник – 19-ти мај започнува со реконструкција на дрворедот по улицата „Партизанска“. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрвја од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по улицата „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.
Заради тоа, од ЈП „Охридски Комуналец“ до граѓаните упатуваат барање и апел да не ги паркираат своите возила на улицата „Партизанска“ во времетраење од 06:00 часот до 12:00 часот по следната динамика:
- понеделник – 19.05.2014 : потег Пошта – Факултет „Св.Апостал Павле“;
- вторник – 20.05.2014 : потег Факултет „Св.Апостал Павле“ – Полигон;
- среда – 21.05.2014 : потег Полигон – Католичка црква;
- четврток – 22.05.2014 : потег Католичка црква – Комерцијална банка.
„Доколку заради објективни причини настане промена во динамиката на замената на дрворедот граѓаните ќе бидат благовремено известени.“– информираат од претпријатието.