Црвениот крст на Р.Македонија, Црвен крст Охрид веднаш по појавата на природната катастрофа-поплава која ги зафати подрачјата на Србија и Босна, направи контакт со двете Национални друштва на Црвениот крст, односно со соодветните општински организации на Црвен крст во Србија и Босна и согласно материјално-техничките и човечки ресурси, понуди помош во екипи и опрема за спасување (спасителни чамци, тимови на спасители, тим за проценка на хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода).
Согласно нивните проценки, во овој момент потребна е следната помош:
– прехрамбени производи (конзервирани, трајни)
– вода за пиење-флаширана
– храна за бебиња
– средства за хигиена
– нова облека, обувки, гумени чизми
– ќебиња
За таа цел Црвениот крст ги презема следните активности за собирање на потребната помош:
1. Парична помош преку уплата на жиро сметка на Фондот за солидарност на Црвени крст 300000001327966, ДБ 4030984271620, Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
3. Собирен пункт за наведената хуманитарна помош е магацинот на Црвен крст Охрид на ул. 15-ти Корпус (кај новата автобуска станица)
Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид упатува апел „Охрид, од срце, за Србија и Босна!“ и ги повикува хуманите граѓани, компании, фирми, институцаии да се приклучат на оваа хуманитарна акција, со конкретна помош за настраданото население во Србија и Босна. Собирниот пункт на Црвен крст Охрид ќе биде отворен секој ден од 10-18 часот, почнуваќи од утре, 18 мај(недела).
Повеќе детали околу акцијата, претставници на Црвен крст Охрид и Општина Охрид ќе објават утре (недела) на прес средба, која ќе се одржи, во просториите на Црвен крст Охрид.