Хуманитарна акција во ОУ „Христо Узунов“ за населението од поплавените подрачја во Србија и БиХ

Денес во ОУ „Христо Узунов“ беше организирана хуманитарна акција за населението од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

„Најмногу се донираа средства за лична хигиена, нерасиплива конзервирана храна, школски прибор, храна за деца, тестенини и големи количества на вода. Целта е да му се помогне на населението од овие подрачја, но и развивање на свеста за хуманост кај најмладата популација, за изградување во една здрава и хумана личност“. – изјави директорот на ОУ “Христо Узунов“, Тони Симоновски.