Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за помош на Република Србија и Босна и Херцеговина заедно со Агенцијата за стокови резерви и Бирото за лекови презеде активности за нивно обезбедување и транспорт и таа е доставена до крајните дестинации.
Во Република Србија испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на ДЗС, два гумени чамца, 15 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута.
Од Министерството за одбрана испратен е тим од 15 лица, како и по пет пластични чамци и агрегати за струја.
Од Министерство за внатрешни работи во Србија на 18 мај упатен е хеликоптер со 15 припадници на Министерството. Ангажираните лица се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Обреновац.
Во Босна и Херцеговина од ДЗС испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на Дирекцијата, два гумени чамца, 13 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута.
Од Министерство за внатрешни работи во БиХ упатен е тим од 15 спасувачи од ова Министерство.
Од Министерство за одбрана испратени се 3.000 ќебиња и разни видови лекарства.
Ангажираните лица во Босна се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Брчко, се наведува во соопштението.