Учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти на меѓународниот натпревар по математика – „Кенгур“ го освоија првото место

На  Меѓународниот натпревар по Математика – Кенгур  што се одржа на 20.03.2014 година, првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освоија првото место и го постигнаа максималниот број поени.

„На овој меѓународен натпревар секоја година учествуваат ученици од I-VIII ОУ Живко Чинго, а оваа година најголем број од нив постигнаа високи резултати.“- велат од училиштето.

Првачињата кои го освоија првото место оваа година, беа под менторство на нивните одделенските наставници Љубица Ангелоска Кркачоска и Елена Јорданов. 

Исто така на општинскиот натпревар по математика за Млади математичари што се одржа  на 23.04.2014 година, 6 ученици од ова училиште освоија трето место во нивната категорија (возраст), а исто така повеќе ученици беа пофалени.

„На Регионалниот натпревар по математика за Млади математичари овие ученици освоија две трети награди, а останатите ученици  беа пофалени.“– додаваат оттаму.

Успесите што учениците од ова училиште ги покажаа на натпреварите по математика, се резултат на одличните човечки и материјално – технички услови што ова училиште постојано ги подобрува, како и на посветеноста на сите фактори вклучени во воспитно – образовниот процес. Овие одлични резултати се само мотив повеќе како за учениците, така и за вработените, да продолжат со успешно чекорење по вистинскиот пат кон остварување на својата визија.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid