Замената на постоечкиот дрворед од липи по ул.„Партизанска“ се докажа како неминовност, а главниот аргумент се пресечените стебла кои во изминативе два дена беа отстранети на потегот од поштата до полигонот. Стеблата се многу стари, во целост иструлени и заболени, па при посилни ветрови и обилни врнежи од дожд и снег може да дојде до кршење на гранките, а последиците би биле непроценливи, велат од ЈП „Охридски Комуналец.
иструлено стебло од липата пред поштата
Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека не се врши уништување на зеленилото во градот туку само замена на постоечкиот многу стар дрворед.
„Тоа еднаш мора да се случи, а колку побрзо тоа подобро, што е во интерес на сите граѓани.“– истакнуваат од претпријатието.
засадено првото стебло лигуструм на „Партизанска“
Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека реконструкцијата на дрворедот е сложена операција која се изведува во повеќе фази со која ќе се засадат декоративни лигуструми кои се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длабок корен.
координација за понатамошните активности за замена на дрворедот