Се средува просторот на влезот од Охрид

Со средувањето на просторот кај клучката на влезот од градов, денеска започна разубавувањето на Охрид пред почетокот на летната туристичка сезона. Просторот хортикултурно и партерно се уредува, се бојадисуваат веќе поставенит елементи, а се чистат и браниците поставени непосредно до коловозната лента.

Инаку по долги децении  влезот на Охрид доби нов лик. Осветлениот грб на општината, изработен од бехатон плочки, обоен во соодветни бои и патоказна стрелка која насочува кон Охрид, изведена од декоративни растенија, од пред неколку месеци  ги пречекува гостите.

Проектот за поубав градски влез е на Општина Охрид, а го реализираа јавните претпријатија „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ и „Градски гробишта“.

Intervencii_petlja_4851 Intervencii_petlja_4852 Intervencii_petlja_4854