Утре ќе се одржат 19-те по ред општински пензонерски спортски натпревари

Утре – сабота  на Спортскиот центар ,,Билјанини извори“  ќе се одржат 19-те општински пензионерски спортски натпревари на ЗП Охрид и Дебрца. За учество во натпреварите се пријавени околу 200 спортисти –пензионери, кои ќе се натпрваруваат во екипна и поединечна конкуренција во  традиционалните 11 спортски дисциплини, стрелаштво, шах, двобој, тробој, трчање на 60 и 80 метри, фрлање ќуле, домино, табла, пикадо, влечење јаже и скок од место.

Овие натпревари  се квалификациони бидејќи, од нив ќе се изберат најдобрите кои ЗП на Охрид и Дебрца ќе го преставуваат на Регионалните пензионерки натпревари кои на 18 јуни ќе се одржат во Самоков, кај Македонски Брод,а најдобрите на ова натпреварување ќе се пласираат  за републичките спортски натпревари на пензионерите на Македонија на кои  домаќин е ЗП Тетово на 6 септември.

Здружението на пензионерите на Охрид,досега на сите одржани 18 регионални спортски натпревари го освојувал првото место, а во последниве три години со ред е најдобра спортска екипа на пензионрите во Македонија,за што го освои и пехарот во трајна сопственост.