Камерун 2:0 Македонија

Македонската репрезентација претрпе пораз на пријателскиот натпревар против Камерун, кој се играше во Куфштајн – Австрија.

Натпреварот започна добро, без некои посебни возбудувања, резултатот остана 0:0 до самото полувреме. Во второто полувреме Камерун поведе во 52 минута со голот на Вебо. Потоа следуваа повеќе измени на обете страни. За жал Македонија не прикажа добра игра. Судиите дозволија малку поостра игра, не ја прекинуваа играта при малите стартови, што не им одговараше на нашите фудбалери. Најзрелата шанса за нашата репрезентација не успеа да ја искористи Илијоски. Казната следуваше во 84 минута со голот на Чупо-Мотинг, со што беше поставен конечниот резултат 2:0.

Следниот контролен натпревар на нашата репрезентација ќе биде во петок против Катар.

WebOhrid