ОО на СДСМ Охрид со реакција за дадената согласност за имплементација на електронски систем за наплата на паркинзите

ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција по повод вчерашното продолжение на 23 седница на Советот на Општина Охрид, на која се донесе одлука за усвојување на Физибилити студијата за јавно приватно партнерство и се даде согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата на паркирање на јавните паркинг простори кои на ЈП „Билјанини извори“- Охрид му се отстапени на користење.

Оттаму потенцираат:

Пред нецела една година оваа градска власт многу помпезно, но очигледно во нивни стил, значи без никакви искрени намери, го раскина договорот со концесионерот за користење на просторите за паркирање во градот, и најави користење на паркинзите во владение на Јавното претпријатие, а се во наводен интерес на граѓаните, за вчера да донесе одлука за повторно воспоставување на приватно партнерство за стопанисување со тие простори.

· На што се должи оваа крајно радикална промена на ставот, освен само на фактот да се задоволат интересите на тесниот партиски врв на ДПМНЕ и одредени структури на нивни бизнис партнери.

· Наводната физибилити студија е сосема очигледно правена за да покаже дека ЈП „Билјанини извори“- Охрид не може само рентабилно и профитабилно да стопанисува со паркинзите, на што ние цело време им укажувавме за време на седницата дека не е така и дека ЈП според студијата може и само да стопанисува.

· Износот на инвестицијата од 6.082.575 денари е дефинитивно превисок за вакви вложување.

· Главната инвестициска ставка за набавка на Иновативен софтвер за наплата во износ од 4.920.000 е пренапумпан трошок, за што сведочи и незнаењето на претставникот на изработувачот на студијата да одговори на нашите прашања како дошол до овој износ, и што нормално предизвикува сомневања дека постои простор за здобивање со материјална корист во време на набавката.

· Високо проектираните наводни трошоци за човечки ресурси во износ од 3.448.800 денари на годишно ниво, кои би ги имало ЈП „Билјанини извори“доколку само ги користи паркинзите, исто така се нереално високи, а се со цел да се фаворизира опцијата за влегување во приватно партнерство.

· Лицемерието на крај беше крајно истакнато кога се вршеше притисок врз нас да и ние го прифатиме ваквиот начин на работење на Јавното претпријатие, а со образложение дека ќе останеле без работа вработените во тоа претпријатие.

Зарем вие господа од ДПМНЕ имате морално право да ги браните вработените во ЈП, истите тие кои со примена на договорот за Јавно Приватно Партнерство ќе ги оставите без работа и на улица.“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид.