Кривичниот суд соопшти дека седум лица се обвинети за голема кражба на 166 артефакти во Музејот на Македонија во случајот „Фаланга 2“. Меѓу обвинетите е и директорот на музејот, но не и поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.
Кривичниот суд соопшти дека бил поднесен обвинителен акт против З.В.,С.К.С., Ј.С.,Ч.К., Ј.К., Д.К. и А.Е.. За кражбата во музејот осомничени се службени лица од оваа установа и тоа програмски директор, ракувач на депото, виш кустос, поранешен и актуелен директор на музеите од од Скопје и од Охрид, како и еден златар.
Обвинителството осомничените ги гони за повеќе кривични дела – несовесно работење во службата како и злоупотреба на службената положба и овластување, отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост.
Предлогот на Јавното обвинителство Скопје за продолжување на мерката притвор е прифатена и притворот се продолжува за 30 дена.
Извор: Нет Прес