Завршена обновата на дрворедот по „Партизанска“ – следи поставување на штитници

Замената на дрворедот од липи по ул. „Партизанска“, на потегот од поштата до „Комерцијална банка“, „Охридски Комуналец“ го заврши по предвидениот план.

„Отстранети беа 50 липи, а засадени се нови стебла од видот лигустрм, вкупно 64 садници.“– информираат од претпријатието.

Активностите околу формирањето на новиот дрворед продолжуваат со поставување на заштита на новите стебла.

„Се поставуваат метални декоративни штитници од сопствено производство со кои лигуструмите ќе се заштитат од механички повреди и ќе се спречи искривувањето на стеблата.“- додаваат оттаму.

IMAG03781