Под мотото “Заедно за еден детски живот”, охридските новинари и Црвениот крст заедно со општина Охрид, организираат неделен хуманитарен хепенинг.
Во недела точно на пладне сите заедно да ја покажеме нашата хуманост со тоа што ќе бидеме дел од еден богат хуманитарен настан.
Динамичен перформанс исполнет со песна, музика, балет, театар. На сцената ќе настапат и најмладите и најстарите. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од многу тешка болест . Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг, која чини 35 000 евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците за оперирање и лекување. Токму затоа Ве замолуваме , во интерес на хуманоста, да помогнете во реализацијата на хуманитарниот хепенинг.
Децата се најголемиот благослов и дар од Бога – Заедно да спасиме еден детски живот!!!
Бидете и Вие дел од овој настан во недела од 12ч до 17 ч на Градскиот плоштад во Охрид.
Може да донирате на жиро сметка – 530500017615254 Охридска Банка, како и 100 денари + ДДВ со донирање(со вртење) на броевите:
ОНЕ 075 143 113
ВИП 077 143 155
Т МОБ 070 143 105