Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ го посетија охридскиот аеродром

Согласно програмата, но и со успешната соработка со родителите од училиштето, учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид заедно со своите учителки од четврто одделение го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

При посетата учениците беа сведоци на слетување и полетување на еден авион, а притоа беа пречекани како патници  кои само што не полетаа со авионот за Амстердам.
SvKlimentPosetaAerodrom01 SvKlimentPosetaAerodrom02