Во Охрид ќе гостува Австралиско Македонскиот Театар од Сиднеј со претставата „Борење со мечка“

 Во сабота, на 14 јуни со почеток во 20 часот во малата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе гостува Австралиско Македонскиот Театар од Сиднеј, со театарската претстава „Борење со мечка“ од Душан Ристевски, а во режија на Стефо Нанцу. Влезот чини 100 денари.

Инаку, ова е 12-та престава пред самата турнеја во Македонија,  каде претставата ќе се прикажува и во Скопје на 4-ти јуни, Велес на 6-ти, Штип на 7-ми, Струмица на 9-ти, Прилеп на 10-ти, Битола на 13-ти и во Охрид на 14-ти јуни.