Обуки за е-даноци во месец јуни

Среда, 11.06.2014 – Среда, 25.06.2014, Струга, Велес, Кочани, Скопје, Гостивар, Дебар, Берово, Штип, Битола, Гевгелија, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, Прилеп, Охрид, Крива Паланка и Тетово

Период: Од 11 до 25 јуни 2014 година

Локација: Струга, Велес, Кочани, Скопје, Гостивар, Дебар, Берово, Штип, Битола, Гевгелија, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, Прилеп, Охрид, Крива Паланка и Тетово.

Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија

Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.

Целна група: Правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа.

Ниво: Оперативно (учесниците на обуката треба да имаат основни познавања од интернет комуникација).

Опис на обуката: Еднодневна обука на која ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е-услугите на Управата за јавни приходи.