Претседателот Иванов се сретна со Архиепископот Верејскиј г. Евгениј, ректор на Московската духовна академија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се сретна со Архиепископот Верејскиј г. Евгениј, ректор на Московската духовна академија кој престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”.

Претседателот Иванов истакна дека посетата на Република Македонија и повторната средба претставуваат доказ за одличните билатерални односи меѓу двете земји, успешната соработка меѓу двата универзитети, но и меѓу двете цркви.

На средбата, што се реализира во годината кога Република Македонија и Руската Федерација одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, беше изразено задоволство што одличната севкупна соработка меѓу двете земји се продлабочува со научно-образовната соработка меѓу Московската духовна академија и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”.

Архиепископот Евгениј ги пренесе поздравите од патријархот на Руската Православна Црква, Кирил I до претседателот Иванов.