Невладината организација „Грашница“ од Охрид во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), во периодот Јануари 2014 – Јуни 2015 година ќе го спроведуваат проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”.
Во состав на проектот, НВО „Грашница“ ќе спроведува 3 настани, почнувајќи со дебата за проблемите околу шумите и нивното искористување и природните богатства на Белчишко Блато, ЕКО-караван кој ќе обедини повеќе заинтересирани страни, и настан кој ќе опфати нешто повеќе околу одржливото искористување на дивиот и култивиран растителен диверзитет на Илинска-Плакенска Планина. Во проектот ќе бидат вклучени различни заинтересирани субјекти од подрачјето.
Домаќин на настанот е општина Дебарца во чии простории ќе се одржи настанот со почеток во 11.00 ч. и завршува во 15.00 часот.