По трет пат ќе се одржи Интернационалниот фестивал на добра музика „Плетенка“

Здружението на интернационални фолклорни фестивали „ИФФОМ“, во соработка со КУД „ПЛЕТЕНКА”-Охрид, по трет пат ќе го одржи интернационалниот фестивал на добрата музика  „ПЛЕТЕНКА”.

На фестивалот ќе настапат учесници од над 10 групи од целиот свет, кои ќе понудат вистинско уживање во различниот етнос и музика.

Фестивалот ќе се оддржи на ден 22.06.2014 (недела), со почеток во 19часот, пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев”, Охрид.