Прекин во водоснабдувањето во дел од општина Дебарца

Поради дефект во главната водоводна мрежа Св. Еразмо – Горенци, односно дотраеност на цевка Ф300, во текот на денешниот ден, 19 јуни, ќе се изврши замена со нова и додека работаат екипите на ЈПК Дебрца, ќе има прекин во водоснабдувањето во населените места Подмоље, Оровник, Горенци и Аеродром.

Од ЈПК Дебарца велат дека жителите дополнително ќе бидат информирани до каде се одвива работата како и кога ќе се нормализира водоснабдувањето.