Запленет златен накит на Табановце-автопат

Царинските службеници вчера, на излез на граничниот премин Табановце запленија околу 700 грама златен накит.

На 20 јуни 2014 година,  околу 10:30 часот на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце-автопат се пријави патничко моторно возило марка „Фиат“со српски регистарски ознаки,  управувано од лицето со иницијали  З.К. српски државјанин, како сопатник во возилото патувало и лицето И.М. исто така српски државјанин. Откако на прашање на царински службеник одговориле дека немаат ништо за пријавување, при преглед на возилото, во фабричка шуплина позади касетата пред совозачкото седиште, царинските службеници пронајдоа две најлонски опаковки. Во едната опаковка залепена со кафеава селотејп трака пронајдени се 110 парчиња златен накит (прстени, ланчиња, нараквици, обетки, привезоци и златни медалјони) со вкупна тежина од околу 662,6 грама, додека во втората пронајдени се 1 парче Drive Box Activator-Deactivator и 8 парчиња калауз клучеви. Осомничените златото го набавиле во Грција, од лице –  српски државјанин, коe живее и работи во Солун, со намера да го продаваат во Република Србија. Со истото лице се договoриле да му пренесат и 8 калауз клучеви и еден деактиватор, со цел за таа услуга да им ја намали цената на златото. Вредноста на непријавениот златен накит изнесува 1.225.810, 00 денари.

Одделението за истраги при Царинската управа на Република Македонија по документирањето на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази поднесе кривична пријава против осомничените поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Криумчарење“.

Slika1 005 nakit