Станоиздавачите на кои им истекол рокот на решението за категоризиција, да поднесат барање за продолжување

Сите станоиздавачи од мал обем, на кои им истекол рокот на решението за категоризација, должни се да поднесат ново барање за продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем.

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13 и 187/13) член 33 став 1, важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти  трае 3 (три) години од денот на изготвување на истото.

За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат решение за категоризација или важноста на истото е истечена, Општинскиот инспекторат секојдневно врши контроли на терен и согласно Законот за угостителска дејност се преземаат соодветни мерки.

Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат). Подетални информации може да се добијат на тел. 046/230-175.