Својата висока општествена одговорност Лајонс клубот Десарети традиционално, секоја година ја изразува и преку донирање на хуманитарни пакети на социјално најзагрозените наши сограѓани. Во соработка со Црвен крст Охрид претставници на Лајонс клубот Десарети утре, 24 јуни пред седиштето на Црвен крст Охрид ќе поделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на преку 30 семејства од социјално ранливата категорија. Оваа акција е поддржана и од Лајонс клубовите Охрид и Лихнидос.