Ѓоко Чингоски именуван за директор на ОУ „Живко Чинго“

Градоначалникот Никола Бакрачески, по завршувањето на комплетната конкурсна постапка, денеска го потпиша Решението со кое  Ѓоко Чинговски се именува за директор на Основното училиште „Живко Чинго“ во село Велгошти. Пред именувањето, Ѓоко Чинговски беше вршител на должноста , директор на ова училиште.