Продолжување на активностите од програмата „Општинско корисна работа“

Поради успешноста на програмата „Општинско корисна работа”, што општина Охрид ја реализираше минатата година во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството  за  труд и социјална политика, УНДП  и за оваа година за период од шест месеци обезбеди финансиска поддршка за продолжување на активностите од проектот „Промовирање на одржливи вработувања III и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2014“.

Како и минатата така и оваа година со обезбедените средства од УНДП  ангажираните лица во дневниот Центар „Зраци“ за период од шест месеци ќе извршуваат  услуги од социјална сфера  односно ќе бидат во служба на  лица со интелектуална попреченост згрижени во центарот. Преку социјална инклузија и грижа на деца и лица со интелектуална попреченост ќе се  зголемува  понудата на социјалните услуги согласно потребите и продолжување на секојдневните идополнителни активности за социјализација, едукација и поттикнување на индивидуална и групна работа на оваа категорија луѓе.

Со самото продолжување на проектните активности од програмата „Општинско корисна работа“, општина Охрид обезбеди одржливост на услугите од социјалната сфера посебно за лицата со интелектуална попреченост кои се згрижени во дневниот центар.

Општина Охрид преку имплементација на програмата го поттикнува  социјалнотовклучување на регистрирано невработени лица кои се соочуваат со потешкотии при влезот на пазарот на трудот, но се подготвени да се стекнат со вештини и да се интегрираат постепено во редовниот пазар на труд .