Годишна работилница на ФЗОМ со Здружение на приватни лекари на Македонија

Личниот влог, посветеноста и поддршката кој приватните лекари ја имаат во директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова е причината зошто др.спец. Лилија Чолакова Дервишова, претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија и додели благодарница на директорката на ФЗОМ за несебична поддршка и соработка на Здружението на приватни лекари на Македонија. Фактот дека во Фондот за здравствено осигурување на Македонија приватните лекарии имаат партнер за соработка, влијае на подобрување и на состојбите во здравството, но е и од директна користа и за пациентите и за самите лекари.

Ваквото признание за успешна соработка не е резултат само на една личност, туку на целиот мој тим во ФЗОМ. Парнарџиева-Змејкова се заблагодари на Здружението на приватни лекари на Македонија за благодарницата и истовремено се заблагодари на вработените на ФЗОМ, кои со својата работа придонесуваат Фондот да биде ефикасна и транспарантна институција.

Отвореноста, професионалноста, како и фактот дека вработените во ФЗОМ се секогаш достапни за било кои дилеми, предизвици или проблеми кои ги имаат приватните лекари во Македонија, професионалноста но и личниот однос да се излезе во пресрет на барањата на лекарите, онаму каде е тоа во надлежност на Фондот, е причината зошто ЗПЛРМ му додели признание и на Бранко Аџигогов, советник во ФЗОМ. Аџигогов се заблагоди за признанието и истакна дека е задоволство да се биде дел од успешниот тим на Парнарџиева-Змејкова и посветено да се работи во интерес пред се на осигуренците.

Темата за која се дискутираше на годишната работилница е превенцијата како голем проект на Фондот и на Владата на Македонија и за кој Парнарџиева-Змејкова се заблагодари на поддршката и вклученоста на лекарите во неговата имплементација. Накоро ќе имаме податоци за првите шест месеци какви се резултатите од скринингот на населението во однос на навиките на населението. Овие податоци ќе бидат појдовна точка, за во идниот период да може да се види кавко е движењето и какви се навиките во однос на здравјето на целата популација. Ќе можеме како држава да имаме релевантни податоци какви се бројките на населението во однос на прекумерната тежина, трите најчести незаразни заболувања, кардиоваскуларните заболувања, бубрежните заболувања и дијабетесот. Овие податоци се од колема корист при креирањето на здравствените прилики но и сознанија за тоа какви се тековните здравствени трендови.