Индустриското производство зголемено за 10 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година изнесува 109.7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 13.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26.1%.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4%, Капитални производи за 77.0% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 19.7%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2014 година, во однос на периодот јануари – мај 2013 година, изнесува 104.5.