Холанѓаните во охридската чаршија го славеа пласманот во четвртфинале

Холандија успеа да го победи Мексико со 2:1 во возбудлив и неизвесен натпревар. Холандските туристи кои престојуваат во Охрид ја прославија и оваа победа на нивната репрезентација. Овој пат со музика со труби тие приредија вистинска забава во охридската чаршија.

Холандија во сабота (5-ти јули) ќе игра против Костарика во четвртфиналето од Светкото првенство, а се разбира и тогаш голем број холандски туристи од Охрид ќе ја бодрат својата репрезентација и ќе се надеваат на пласман во полуфинале и финале.

WebOhrid/Ангелче Андриоски