Француски новинари во посета на Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија согласно програмата за медиумска кампања во 2014 година во месец јули организира Инфо тури за новинари од Франција.

Претставници на следниве француски медиуми ќе бидат во четири дневна посета на Македонија: ELLE и  VERSION FEMINA – неделни национални магазини, EASYVOYAGE, LaQuotidienne и PagTour – водечки туристички веб портали во Франција. 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2014 година започна со поагресивна медиумска кампања во Франција со цел проширување на пазарот и можноста што ја нуди WIZZ Air со директната линија Париз-Бове-Скопје, со цел зголемување на бројот на француски туристи во Македонија. Во месеците мај и јуни се објавија голем број на ПР текстови во кој се потенцираше богатото културно наследство, природните убавини на земјава, можностите за развој на вински, религиозен, активен, спортски и рурален туризам во Македонија.

Инфо посети на Република Македонија за странски новинари е инструмент кои им овозможува на истите одблиску да ги запознаат убавините на Македонија, обичаите, традицијата, фолклорот, туристичките потенцијали и нејзино претставување како нова и атрактивна туристичка дестинација. Преку анимирањето на странските новинари ќе се направи промоција на Македонија соодветно во земјите од каде доаѓаат преку електронски и печатени медиуми.