Концесионерите на плажите мора да работат согласно законските прописи

Надлежните служби од општина Охрид заедно со претставници од локалниот и државниот инспекторат, Управата за јавни приходи, Капетанијата, Црвен Крст и МВР, денес  во зградата на Локалната самоуправа одржаа координативен состанок со концесионерите на охридските плажи.

Целта  на средбата беше да се укаже на обврските кои концесионерите ги имаат согласно потпишаните  договори  за закуп односно почитување на јавниот ред и мир, поставување на  урбана опрема на утврдена површина, почитување на работното време, уредно обележување на капалиштата, димензионирање на бројот на спасители зависно од големината на капалиштето, соодветен пристап на пловните објекти до плажите и  соодветно користење на спортска опрема .

На работната средба беа сослушани и разгледани барањата и на концесионерите, а двете страни ги разгледуваа сите можности во насока на беспрекорна организација на плажите во оваа летна туристичка сезона.
Koncesioneri_plazi_4851