Кривична пријава за две лица поради изнуда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“, СВР Охрид против Ј.М. (35) и Ц.М. (36) од Охрид поднесе кривична пријава.

Пријавените, во текот на 2013год  со намера за прибавување противправна имотна корист, на сопственикот на угостителскиот објект „Свис“  во населбата „Св Стефан“ во Охрид, усно но и со испратени текстуални пораки на мобилен телефон му упатиле сериозни закани со цел истиот да се откаже од  намерата непосредно до својот угостителски објект да го купи крајбрежниот дел од плажата со површина од 264 метри квадратни. Поради сериозните закани, сопственикот на угостителскиот објект „Свис“ во текот на минатата летна туристичка сезона неможел да оствари корисничко право и владение врз крајбрежниот дел од плажата со површина од 264 метри квадратни што на први јуни 2013 година со предоговор за купопродажба го купил од Македонската православна црква Дебарско кичевска епархија.   Ова земјиште што било во сопственост на  МПЦ – Дебарско кичевска епархија, пријавените непречено го користеле во периодот од 15 јуни 2010 до 15 јуни 2011 година по склучен договор со МПЦ -Дебарско кичевска епархија за времено користење. По истекот на едногодишниот договор, пријавениот Ј.М со лицето И.К. од Охрид бесправно го продолжиле користењето на просторот во 2012 и 2013 година, бесправно го уредиле за обавување на угостителска дејност, го користеле и го издавале под закуп на други лица. Тие неовластено извеле градежни активности, поставиле угостителска опрема, без добиена согласност од ЕВН користеле електрично напојување и без добиена согласност од ЈП„Проаква“ користеле водоснабдување. Овие состојби се  констатирани при извршени контроли на објектот во текот на јуни и јули 2013 година од страна на општинскиот  градежниот инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и од ЈП„Проаква“ Р.Е.Водовод Охрид.

Во упатените закани, пријавените го присилувале сопственикот на „Свис“ да им ги конпензира нивните предходно направени трошоци од повеќе- годишното  средување на просторот со плажата, што според нивна пресметка изнесувала околу 100.000,оо евра.