Металург убедлив на гости, минимален пораз за Турново на домашен терен

Турново и Металург ги одиграа првите натпревари од квалификациите од Лигата Европа.

Турново на домашен терен изгуби минимално 0:1 против Чикура од Грузија, со што не успеа да оствари позитивен резултат пред повратниот дуел во Грузија.

За разлика од Турново, Металург одигра одлично на гостувањето во Андора и успеа да победи со 3:0 против Санта Колома. По оваа победа Металург на повратниот дуел во Скопје може да влезе без никакви дилеми и рутински да го обезбеди влезот во следното коло од Лигата Европа.

WebOhrid