Раководството на СДСМ оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска остварија средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, Нилс Рагнар Камсваг.

На средбата се разговараше за односите помеѓу Кралството Норвешка и Република Македонија, за актуелните состојби како и за политичка ситуација во земјава.

Амбасадорот Рагнар Камсваг истакна дека Норвешка е долгогодишен стратешки пријател на Македонија. Тој изрази загриженост за состојбите во Македонија и за тензиите што влијаат врз меѓуетничките односи.

Претседателот Заев укажа на сериозноста на политичките пресметки меѓу коалиционите партнери од власта. Политиките на поделби и национализам што доминираа во периодот пред и за време на изборите, постизборно резултираат со загрозување на меѓуетничките односи во земјата, што е крајно загрижувачки.

zaev_kamsvag_01