Се динамизира процесот на легализација на дивоградбите

Со ефикасна координација на надлежните служби во Локалната администрација се динамизира  процесот нa легализација на дивоизградените објекти на територијата на општина Охрид. Во текот на месеците мај и јуни, донесени се 32 решенија за утврдување на правен статус  на нелегално изградени објекти, а 14 се одбиени. Донесени се 46 урбанистички согласности, а поради недостатоци во документацијата , донесени се 152 заклучока за прекин на постапката.

Поради ефикасно спроведување на целиот процес во тек е интензивно и комплетно анализирање на предметите, по што ќе следи информирање на граѓаните за тоа што недостасува за продолжување на постапката. Во оваа насока се апелира до граѓаните за поголема кооперативност и следење на препораките од стручните служби во Локалната самоуправа.

Во општина Охрид  се поднесени 11.320 барања за утврдување на правен статус на нелегално изградени објекти  или популарно наречена легализација. Крајниот рок за доставување на потребните елаборати за легализација е до крајот на следната 2015 година, но се апелира до граѓаните да не го чекаат последниот рок туку документацијата да ја коплетираат што поскоро, бидејќи  од надлежните служби посочуваат дека во постапката се појавуваат специфични случаи за кои е потребна дополнителна документација.