Се уредуваа Антички, Грашница, ул.Железничка, 15-ти Корпус и Туристичка

Пред отворањето на годинешното издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“ , екипите на „Паркови и зеленило“ го расчистија и уредија тревниот дел кој се наоѓа над трибините од Антички театар.

Активно се вклучивме во акцијата која заеднички се реализира по иницијатива на Црвен крст-Охрид и претставник на Лајонс клубот од Гетеборг. Се чистеа плажите кои не се дадени под концесија на потегот од Грашница до населба Далјан, како и делот од крајбрежјето кај Холандскиот парк. Во оваа акција се собрани над 30 вреќи отпад.

Екипите на „Јавна хигиена“ , во рамките на своите редовни активности околу одржувањето на јавната чистота, ја уредуваа ул.„15-ти корпус“ на потегот од кружната сообраќајница до порнешната фабрика „Застава“, каде се косеше тревата околу тротоарот и коловозот и се изврши метење на јавните површини.

Исто така хортикултурно се уредуваше просторот опфатен со станбените згради на влезот во Охрид, инфо-центарот и игралиштето.

Денеска екипите завршија со засадување на бетонската жардињера на ул„Железничка“ на повеќе од половина од нејзината должина и се изврши тековно одржување на досега засадениот материјал, како и надополнување на садниците кои беа украдени.