Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска и утре учествува на Конференцијата за родова еднаквост во Виена.
На покана на организаторите ОБСЕ/ОДИХР и Швајцарското претседателствување со ОБСЕ, Шекеринска ќе ја отвори темата за „Учество на жените во политиката“.
Денеска заменик претседателката Шекеринска имаше и средба со Г-дин Јан Кикерт, политичкиот директор на МНР на Австрија, на којашто се разговараше за состојбите во Македонија и предлозите на СДСМ за излез од усложнетата политичка криза во земјава.