Свечено затворање на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014

Вечерва,11 јули (петок) свечено на сцената Долни Сарај со почеток во 21.оо часот, ќе биде затворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014.

Фестивалот ќе биде затворен со настапите на  Ансамблот „Туфаг” од Јалова , Турција- КУД „Илинден”од Велгошти, МАКЕДОНИЈА- КУД „Отекс”, Охрид, МАКЕДОНИЈА. Влезот е слободен.