Параглајдерист загина во Охрид

Унгарец на возраст од околу 30-35 години попладнево го загуби животот во Љубаништа, Охрид. Странскиот државјанин летал со параглајдер, по што неофицијално паднал со леталото во водите на езерото.

Од охридската полиција за Курир ја потврдија несреќата, истакнувајќи дека смртта кај Унгарецот била констатирана од лекарска екипа.

Портаролот за СВР Охрид, Стефан Димовски за Курир изјави дека во моментов се врши увид, а треба да се утврди дали странскиот државјанин имал проблеми со леталото или смртта била предизвикана од здравствени причини.

Неговиот идентитет се уште не е утврден.

Извор: Нет Прес