Утре ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Свети врачи Козма и Дамјан“

Дебарско кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 14 јули(понеделник) во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“, Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети врачи Козма и Дамјан“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото високо преосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј.

По тој повод Дебарско кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.