Во рамките на своите превентивни активности, медицински екипи на Центар за јавно здравје Охрид, од денес 14-ти јули па се до 18-ти јули (петок), во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Чинар“ ќе вршат превентивни здравствени прегледи на граѓаните – мерење на крвен притисок, стручни совети за заштита од надворешните влијанија и високите температури.