Трето место и бронзен медал на Светското првенство во стрелање за лица со инвалидитет во дисциплина воздушен пиштол за Наковска-Бикова

Oливера Наковска-Бикова го освои третото место и бронзениот медал на Светското првенство во стрелање за лица со инвалидитет во дисциплината воздушен пиштол.

Македонката добро го започна финалното стрелање со три погодоци во првата серија, меѓутоа во втората серија беше многу непрецизна и на крајот мораше да се задоволи со третото место и бронзениот медал. Овој резултат за Бикова значи и директна квота за учество на Параолимписките игри во Рио 2016 година.

Во оваа дисциплина стрелаше и Лидија Крстеска која со резултат од 345 кругови го освои 25.место.

По завршување на финалето, организаторот организираше Супер финале, во кое влегоа најдобрите четворица мажи и четири жени. Се стрелаше по правилата на ИССФ, со таа разлика што целото финале беше пропратено со гласна музика и скандирање, за разлика од тишината на која се навикнати стрелците. И во оваа конкуренција Оливера се носее одлично со конкурентите и застана само на еден чекор до нов трофеј, го освои 4.место.

Во дисциплината воздушен пиштол – мажи Бранимир Јовановски и Ванчо Каранфилов стрелаа под нивните можности и не постигнаа забележителен успех.