Ќе се одбележи светскиот ден за борба против хепатитис

Во рамките на своите активности од здравствено-превентивната област, а со цел подигање на нивото на свеста кај населението за хепатитис, како подмолна и опасна болест, во организација на Асоцијацијата ХЕПТА, Здружението Опција Охрид и Црвен крст Охрид под мотото „Think Again“. Ова е Хепатитис – Размисли уште еднаш, со низа активности, ќе биде одбележан 28 јули – Светскиот ден за борба против Хепатитис (Б и Ц).

Централниот настан ќе се одвива на плоштадот Крушевска република-чинар, каде ќе биде поставен штанд на кој активистите на Хепта, Опција и Црвен крст Охрид, на минувачите ќе им делат едукативни материјали за Хепатитис и ќе даваат стручни совети за превенција и заштита од Хепатитис. Хепенингот ќе биде збогатен со музичкиот настап на познати имиња од Охридската музичка естрада.

Настанот, кој има и хуманитарен предзнак и на кој ќе се собираат средства за операција на 11 годишно болно дете од Охрид, ќе се одвива на 28.07.2014 г. (понеделник), на Плоштадот чинар, со почеток во 20:00 часот.